Физичко - хемиската лабораторија е градена и опремена според GLP и ISO 17025 барањата, со употребата на најсовремениот тип технологија за хемиска анализа. Ние сме во можност да правиме секојдневни тестирање, според воспоставени и валидирани методи за контрола на квалитет, од влез на материјали па се до краен продукт, кои се во согласност со параметрите за анализа според постоечките фармакопеи Ph.Eur, BP, USP, DAP.
На тој начин можеме да го докажеме и гарантираме квалитетот од влезот на материјалите па се до крајниот производ во континуитет на нашето производство.
ФИЗИЧКО-ХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА
Главни параметри кои ги анализираме и се битни за определување на квалитетот на медицинскиот канабис се содржина на:
- Kанабиноиди
- Терпени
- Mикотоксини
- Tешки метали
- Пестициди
- Aфлатоксини
- Eтанол
- Вода