dentada-logo
page-title-bg

Наши производи

protetika

Сурово масло

Суровото масло е првиот полупроизвод кој се добива со екстракција со Суперкритичен CO2, а воедно и најбогатото масло со канабиноиди, терпени, хлорофил, масни киселини и други компоненти добиени со екстракцијата од медицинскиот канабис. Со анализа на содржината на добиеното масло, се добива јасна слика за квантитетот и квалитетот на добиениот екстракт. Вака добиениот полупроизвод, е според сите GMP стандарди и ги исполнува сите стандарди за квалитет. Иако добиеното масло е со голема густина и не е рафинирано, сепак како такво на

Повеќе инфо
protetika

Масло со CBD

Маслото со концентрирана содржина на CBD, кое содржи и микс на останати природни компоненти, е со висок стандард за квалитет. Добиено со низа процеси на пречистување, со употреба на високо технолошки процеси и најсовремена технологија, се пречистува од поголемиот дел непотребни компоненти од билката, при што на крајот се добива масло со висока концентрација на CBD, обогатено со други природни компоненти со позитивно дејство врз нашиот организам.
Истото може да се разреди до бараната концентрација до крајниот корисник, кое како такво има широк спектар на д

Повеќе инфо
protetika

Масло со THC

THC е најпсихоактивното и најопојното соединение од медицинскиот канабис. Всушност маслото со THC е помоќно и од обичниот цвет во зависност од тоа како е направено, т.е со која концентрација и квалитет. Затоа и при неговото прочистување со фракциона дестилација, се работи под посебни услови и технолошки процеси, притоа водејќи сметка за компонентите кои се одвојуваат од него, заради спречување на формирање на несакани продукти, кои би се добиле во финалното масло, а кои би делувале непријатно врз човековиот организам. 
Прочистено и полно со микс од друг

Повеќе инфо
protetika

Кристали од CBD и THC

Произведени според највисоките стандарди за квалитет, кристалите од CBD и THC содржат во себе 98 - 99,9% CBD или THC. Тоа се најчисти форми на овие два канабиноида, кои во себе содржат многу мал процент на останатите видови канабиноиди како и терпени. Процесот, за добивање на кристали или изолати од CBD и THC, воопшто не е едноставен и брз т.е. потребно е знаење и употреба на современа технологија, кои ние ги имаме во нашата фабрика. Производството на таквиот облик на финален производ е од големо значење како за фармацијата, така и за човековиот организам.

Повеќе инфо