dentada-logo
page-title-bg

МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА


Микробиолошката лабораторија е дизајнирана и опремена според потребните барања за простор и опрема од Министерство за Здравство, како и според барањата по GLP и ISO 17025. Тестирањата на примероците кои се изработуваат, било да се од влезни материјали или готов производ, се во согласност според сите Светски стандарди за квалитет, со употреба на валидирани методи, препорачани и дадени во веќе постоечките Фармакопеи.
Микробиолошките испитувања, во текот на растот и развојот на билката, како и на водата и нутритиентите, се и најбитни во процесот на одгледување на медицинскиот канабис, од кои понатаму ќе зависи и квалитет на добиеното масло, со негова преработка.
 

single-post-right
single-post-left

Заради континуираното производство, кое ние го имаме во МАР МЕДИКА, потребен ни е брз начин на детекција на микроорганизми, со цел да се спречи брзо ширење на истите. Заради тоа, нашата лабораторијата ја опремивме и со PCR инструмент, кој со употреба на брзи тестови, ни овозможува рана детекција на било кој микроорганизам, при што можеме да спречиме настанување на штета кај растенијата, која би се одразила врз квалитетот на маслото во понтамошната обработка на медицинскиот канабис.