Најсовремен начина на Екстракција на сурово масло, со суперкритичен CO2
Примарната есктракција на маслото од канабис е почеток на целиот понатамошен процес за обезбедување квантитет на финалниот производ. Постојат повеќе видови на екстракција, но еден од најдобрите и одобрени од сите Светски организации, поврзани со контрола на лекови, медицински билки и храна, е екстракцијата со Суперкритичен CO2. Можностите со таквиот тип на екстракција се големи и сложени, но на крај се добива сурово масло, со поголем квантитет, односно максимална екстракција на компонентите во билката, отколку конвенционалните екстракции, но квалитетот зависи само и само од квалитетот на билниот материјал.