ФРАКЦИОНА ДЕСТИЛАЦИЈА НА МАСЛО
Фракционата дестилација е крајниот процес од преработка на суровото масло, кој се одвива во неколку фази, при што се оддвојуваат различни фракции од саканата компонента. Заради комплексноста на процесот, потребно е вештина и знаење, кое нашиот тим го поседува, а секако со употребата на најсовремени апарати како рота-евапоратори, фракциони дестилатори, флаш-хроматограф и слично, се олеснува самиот процес и се намалува и ризикот за грешка.
Крајниот производ е рафинирано масло со одредена густина и состав според барањата на нашите клиенти.