dentada-logo
page-title-bg

МАСЛО ОД КАНАБИС


Најсовремен систем за екстракција на масло со Суперкритичен CO2

single-post-right
single-post-left

Маслото е произведено според највисоките стандарди за квалитет и добра производна пракса за високо-квалитетен медицински канабис.
Обработка на цветот од медицинскиот канабис како и добивање на сурово масло со висок квалитет, се состои од повеќе процеси, кои се одвиваат во ISO 8 чисти простории на површина од 500 м2, дизајнирани и строго контролирани според барањата на GMP стандардот за Хербални лекови. За да се обезбеди постојан квалитет на суровото маслото, во секој процес се врши контрола на квалитет, пред отпочнување на следниот процес. Само на тој начин се обезбедува воедначеност на добиеното масло.


СЕКУНДАРНА ОБРАБОТКА НА МАСЛОТО

Процесот на дообработка на суровото масло продолжува со негово рафинирање во ISO 8 лабораторијата , каде што со користење на најсовремени системи за фракциона дестилација, се добиваат следните фракции:

  • Масло со целосен спектар
  • Масло со CBD
  • Масло со THC
  • Кристали со 98-99,9% чистота CBD
  • Кристали со 98-99,9% чистота THC
single-post-right