dentada-logo

НИЕ СМЕ ТУКА ЗА ВАС



МАР МЕДИКА ДОО како компанија, е посветенa на највисоките етички и деловни норми и стандарди при водење на секојдневниот бизнис. Таквиот начин на функционирање е предуслов за личен и деловен успех, а нашите клучни вредности се:

  • ​Нашите клиенти - целосно сме посветени и транспарентни со нашите клиенти, соработници, институции итн. Ваквиот начин на пристап е основа на добрата комуникација, која претставува клуч при воспоставување и развој на добрите деловни односи. Користиме емпатија,активно слушање и желба за да ја разбереме потребата на нашите клиенти.
  • Чесност, лојалност и ефикасност - се трудиме секогаш да ги следиме последните Законски регулативи на домашно и светско ниво и да бидеме во чекор со сите барања во делот на Одгледување на медицински канабис како и Производство на екстракти од медицински канабис. Исто така гледаме да ги запазиме сите зададени рокови во делот на производство за нашите клиенти, што не прави ефикасни, а на тој начин стекнува и лојалност од нивна страна кон нашата компанија и нашите производи.
  • Високо квалитетни производи - со постојаните инвестиции во технологија и наука, се трудиме константно да го подобруваме квалитетот и квантитетот на нашите производи. Континуираното подобрување, означува и реализација на барањата на клиентите како и нивно задоволување за потребата од квалитетни производи. Таквиот начин и пристап на функционирање не прави и конкуренти и квалитетни на пазарот.