ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ
Мар Медика ДООЕЛ е компанија која го следи постојаниот развој, дополнување и усовршување на Светските регулативи, стандарди и водичи и врши имплементирање и континуирано унапредување на Политиката за квалитет како и на Интегрираниот менаџмент систем.
Со воведување на најсовремена технологија и иновативен пристап во одгледувањето на медицински канабис, негова преработка и екстракција во масло, како и во негова комплетна физичко - хемиска и микробиолошка анализа, во сите фази од производствениот процес, ние создаваме квалитетен органски производ, без штетни хемикалии и пестициди.
Заради остварување на своите деловни активности, како и обврската да негуваме одговорен пристап кон клиентите, потрошувачите, добавувачите, општествената заедница и сите други заинтересирани страни, ние воспоставивме ефективен систем за управување, ориентиран кон:
- Меѓународните стандарди ISO 9001, ISO 14001 и ISO 45001.
- Меѓународните стандарди за добрата практика за култивација на билки (GACP), како и следење на добрата производна пракса (GMP) на канабис за медицински цели.
- Анализирање на задоволството на нашите клиенти.
- Водење грижа за интересите на нашите вработени, стручно доусовршување, обучување и нивно мотивирање.
- Создавање коректни односи со купувачите и добавувачите, постојано следење и анализа на реализираните цели, елиминирање и намалување на опасности и управување со ризиците.
- Контролирање, подобрување и спроведување на измените во системот за управување со квалитет во секоја фаза од производството и контрола на квалитет кое влијае на квалитетот на производот.
- Стремеж и инспирација да ја испишаме иднината ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ.