Произведени според највисоките стандарди за квалитет, кристалите од CBD и THC содржат во себе 98 - 99,9% CBD или THC. Тоа се најчисти форми на овие два канабиноида, кои во себе содржат многу мал процент на останатите видови канабиноиди како и терпени. Процесот, за добивање на кристали или изолати од CBD и THC, воопшто не е едноставен и брз т.е. потребно е знаење и употреба на современа технологија, кои ние ги имаме во нашата фабрика. Производството на таквиот облик на финален производ е од големо значење како за фармацијата, така и за човековиот организам. Прочистените компоненти, полесно се ресорбираат во нашиот организам и ефектот на делување преку ендоканабиноидниот систем е побрз. Исто така, како прочистени кристали, полесно може да се дозираат во разни фармацевтски финални дозажни форми, чиј ефект би бил поголем и побрз отколку ако тие би биле во некоја смеса од масло и микс од други природни компоненти.
Сеуште постојат лимитирани студии, кои се во почетна фаза, за начинот на дозирање и употреба на чистите кристали, но од досегашните испитувања може да се каже дека имаат големи здравствени бенефити кои вклучуваат:
- Зголемување на имунитетот
- Анти-инфламаторно дејство
- Спречување гадење и повраќање
- Спречување на создавање и ширење на разни видови канцери
- Анти-анксиозни ефекти
- Намалување на секаков вид на болка