dentada-logo
page-title-bg

Сурово масло

protetika

Суровото масло е првиот полупроизвод кој се добива со екстракција со Суперкритичен CO2, а воедно и најбогатото масло со канабиноиди, терпени, хлорофил, масни киселини и други компоненти добиени со екстракцијата од медицинскиот канабис. Со анализа на содржината на добиеното масло, се добива јасна слика за квантитетот и квалитетот на добиениот екстракт. Вака добиениот полупроизвод, е според сите GMP стандарди и ги исполнува сите стандарди за квалитет. Иако добиеното масло е со голема густина и не е рафинирано, сепак како такво наоѓа голема примена во различни индустри. Богатиот состав на канабиноиди и терпени, чиј процентуален однос зависи од генетиката на билката, имаат моќ да го манифестираат своето дејство врз човечкиот организам.